Магазин 21. септември 2020. / 08:09

Сончево со мала локална облачност

Сончево со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 13 степени, а дневната од 23 до 29 степени.

Денеска ќе се задржи претежно сончево време, а од утре следува период со повремено зголемување на облачноста и со слаб до умерен јужен ветер.

Во попладневните и вечерните часови, особено во утре и во среда, и претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.