Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен претежно западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната од 17 до 25 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник, под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.