Магазин 03. октомври 2020. / 08:14

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од  5 до 13 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот и почетокот на иднава седмица ќе дува умерен повремено силен јужен ветер кој ќе допринесе да има пораст на температурата на воздухот. Утре ќе има зголемување на облачноста, со услови за изолирана нестабилност попладне.

Во понеделник и во вторник на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе имаат форма на невреме со силен ветер(над 80км/час) и пороен дожд(над 20л/м2). Во вторник температурата ќе опадне од 6 до 9 степени.