Магазин 17. јули 2020. / 07:42

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе достигне 19 степени, максималната дневна температура ќе биде 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Под влијание на продор на атмосферски фронт, во сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град. Температурата, особено на северот, осетно ќе се намали.