Магазин 27. јули 2020. / 07:38

Сончево и топло време

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на следнава работна седмица ќе преовладува сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени.

Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.