Магазин 27. јуни 2020. / 09:00

Сончево и топло со температура до 34 степени

Сончево и топло со температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне претежно во западните делови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 34.

ВО Скопје утринската температура ќе достигне 17 степени, а максималната дневна температура до 33 степени.

Од понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време.