Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 9.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 24 степени. Максималната дневна температура ќе достигне до 40степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.
Во сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.