Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе изнесува седум.
Утринската температура се движи од три до десет степени, а дневната температура ќе биде од 20 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура достигна до седум степени, а дневната температура ќе се искачи до 26 степени Целзиусови.
Во наредните денови следува период на значително потопло време. Утре и во вторник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.