Магазин 16. јули 2020. / 07:42

Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во источните и понекаде во северните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура е во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен  Целзиусов.

До петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Само понекаде во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.