Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 22 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 36 степени.
За време на викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 10 л за 3 часа), засилен ветер и појава на град. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.