Магазин 10. април 2020. / 08:57

Сончево и топло

Сончево и топло

Денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува на североистокот и во долниот тек на Повардарието.

Утринската температура се движи од минус два до шест степени, а дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер

Утринската температура достигна до три  степени, а дневната температура ќе се искачи до 23 степени Целзиусови.

Од сабота следува период со повремено зголемена облачност. Услови за слаб дожд ќе има во недела претежно на југоистокот, а потоа и во вторник кога ќе биде посвежо.