Магазин 04. јуни 2020. / 08:19

Сончево и потопло со мала облачност

Сончево и потопло со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Попладне во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура е во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 28 степени Целзиусови. УВ ќе изнесува 8.

Во Скопје, претпладне сончево, а во попладневните часови со зголемена облачност и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

Следува период на потопло време. Во деновите што претстојат претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на влажен бран повеќе врнежи се очекуваат помеѓу петок и сабота.