Магазин 09. јули 2020. / 07:42

Сончево и доста топло

Сончево и доста топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер.

Минималните температури се движат од осум до 17 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 24 до 33 Целзиусови степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и топло.

Утринската температура се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до максимални 31 Целзиусов степен.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен источен ветер.

Дневните температурите ќе се движат од 26 до 35 Целзиусови степени.