Словенија е рекордер во ЕУ и во светот по поскапување на становите.
Цените на становите лани се зголемија најмногу во светот, а такво рекордно поскапување на цените во изминатата деценија имале само Исланд и Хонгконг, пишува денес Пословни.
Според словенечката државна статистика, цените на недвижностите во Словенија во последниот квартал од 2018 година се зголемија 18,2 отсто во споредба со истиот период од 2017 година.
2770 eвра чини квадрат. За зголемувањето на цената на становите во Словенија најмногу придонесе растот на цените на старите недвижности од 19,8 проценти.
Во словенечките агенции за недвижности велат дека развојот на туризмот во Словенија придонел за нагло зголемување на цените и дека во Љубљана, на брегот и на други атрактивни туристички локации се купувале станови за изнајмување за туристи.
Зад Словенија се Малта, Кина и Унгарија, според анализата на компанијата „Најт Франко“, која ги следи цените на недвижностите на глобално ниво.