Магазин 22. ноември 2019. / 12:16

Слика од Били Кид на аукција со почетна цена од милион долари

Слика од Били Кид на аукција со почетна цена од милион долари

Фотографија од (не)славниот американски гангстер од крајот на 19. Век – Били Кид е ставена на продажба во куќата „Соф дизајн окшнс“. Почетната цена е милион долари.

Били Кид бил одметник кој до својата 21 година од животот официјално убил најмалку осум луѓе. Потоа бил убиен од познатиот шериф од дивиот запад, Пет Герет, кој за тоа напиша книга и го направи криминалецот – бесмртен.

Фотографијата, која досега никогаш не е објавена, го прикажува Били Кид како пие и игра карти со три члена на својата банда. Наводно, сликата скоро 100 години била во сефот на едно американско семејство.

Автентичноста на фотографијата ја потврди тексашкиот музеј „Џорџ Истман“, најстариот музеј на светот посветен на стари фотографии. Оттаму соопштија дека сликата потекнува од периодот меѓу 1870 и 1890 година.

За Били Кид, се напишани и други популарни книги и снимени се голем број филмови.