Магазин 06. април 2020. / 14:52

Славната пејачка открива: Ме киднапира и четири недели ме дрогираше и ме силуваше

Славната пејачка открива: Ме киднапира и четири недели ме дрогираше и ме силуваше

Британската пејачка Дафи, која пред месец и пол откри на Инстаграм дека непознато лице ја држело во заточеништво, ја дрогирало и силувало, го опиша ова страшно искуство на нејзината страница.

Дафи, позната по хитот „Mercy“  ја отвори душата за четиринеделниот пекол низ кој поминала пред 10 години, од кој никогаш не закрепнала.

Човекот ме дрогираше во ресторанот каде го славев роденденот. Потоа, тој ме смести во хотелска соба и ме силуваше. Се сеќавам на болката и обидот да останам свесна. Не знам како имав сила да ги издржам тие денови. Се обидов да останам смирена и нормална, колку што е можно во таква ситуација, а кога тој ме донесе во мојата куќа, јас седев, замаена, како зомби. Знаев дека мојот живот е во непосредна опасност, тој призна дека сака да ме убие – ја почнува Дафи својата исповед.

 

Напаѓачот ме дрогираше и во мојата куќа четири недели. Не знам дали тој ме силувал за тоа време. Првото нешто што се сеќавам е дека се најдов во автомобил во странска земја и на бегството после тоа. Не знам зошто не ме дрогираше додека бевме во странство, мислам дека користел дрога од А-класа и дека не можел да патува со таа дрога – продолжува пејачката.

Таа објаснува дека сака да го раскаже своето искуство за да им помогне на сите што поминале низ нешто слично.

 

View this post on Instagram

 

With love, duffywords.com

A post shared by @ duffy on