Скандал изби на Евровизија која се одржа во Тел Авив, каде Тамара заврши на 8. место.
Скандалот избил кога во едно интервју белоруското жири открило како се одлучило за гласовите, а тоа е строго забрането.
– Едногласно одлучивме за тројца победници. Немавме многу различни мислења околу првите 6,7. Мислевме цели десет минути. – рекле од жирито.
Откриле дека првиот член го дал гласот на Австралија, потоа Естонија, Грција па Грузија.
Белорусија која заврши на претпоследно место е дисквалификувана.