Магазин 09. февруари 2021. / 14:45

Си направила фризура со суперлепило, па се подготвува за тужба

Си направила фризура со суперлепило, па се подготвува за тужба

„Инфлуенсерката“ Тесика Браун се прослави на интернет откако објави дека поради недостаток на спреј, „си направила“ фризура со суперлепило, што пак, потоа не можела да го отстрани… И тоа трае веќе еден месец.

Тесика завршила и во амбуланта оти никако не можела да го тргне лепилото од косата, па сега сака и да го тужи производителот на суперлепилото затоа што не напишал дека тоа не се користи за коса. На упатството на суперлепилото се наведува дека тоа е наменето за употреба на дрво, пластика, но не и за коса.

Има и јасно предупредување на производот дека не смее да се нанесе на кожата и очите.

Тесика минала 22 часа в болница. Таму се обиделе да ѝ го отстранат лепилото со ацетон, но тоа ѝ го изгорело скалпот и сега таа е бесна и се подготвува за тужба.