Магазин 25. октомври 2019. / 13:39

Шише виски продадено за скоро 2 милиона долари

Шише виски продадено за скоро 2 милиона долари

Аукциската куќа Сотби продаде шише виски за скоро 2 милиони долари. Исклучително реткиот вид виски е од марката „Меккалан“ и има одлежано 60 години.

Првично побараната цена била околу 700.000 долари. Од аукциската куќа не го открија идентитетот на купувачот.

„Тоа е светскиот Грал на вискито“, пишувало во претставувањето на „Меккалан“. Пијалокот бил дестилиран во 1926 година и флаширан во 1986. Биле произведени едвај 40 шишиња.

„Меккалан“ е дел од сериозната колекција на виски на Сотби, која се состои од 467 шишиња.

-Таа неверојатна сума е доказ за квалитетот на нашата колекција. Задоволство е такви иконски пијалоци да уриваат рекорди, изјави Џон Фоули, експерт за пијалоци на Сотби.

Претходната рекордна цена за едно шише виски продадена од аукциската куќа изнесувала 1,5 милиони долари.