Поранешниот португалски напаѓач, Пауло Футре, упати сериозни обвинувања на штета на поранешниот италијански политичар и клучен човек во најголемите успеси на италијанскиот фудбалски клуб Милан.
Ќе се вратиме во минатото речиси 35 години.
Фудбалерот Пауло Футре стана европски шампион со Порто, потпиша за Атлетико Мадрид и потоа беше одличен во првата полу-сезона во Шпанија. Очекувал дека тоа ќе биде доволно за освојување на Златната топка таа година.
Но, наградата му припадна на Холанѓанецот Руд Гулит, кој стана шампион во својата земја и потоа беше префрлен во славниот Милан. Берлускони тогаш започна со создавање на империја која ќе биде една од најмоќните во Европа во следните две децении.
За настаните од 1987 година, Футре зборува во колумна во весникот „Мундо Депортиво“. Тој бил прашан што точно се случило таа година и бил расположени да зборува како поминала сезоната.
-Не знам како се случи тоа. Станав европски шампион со Порто и јас бев многу важен во тој тим. Постигнав гол во полуфиналето, а во финалето го одиграв најдобриот натпревар во мојата кариера и бев прогласен за играч на натпреварот. Кога се преселив во Атлетико, ги победивме Барселона и Реал во гостински натпревари, и постигнав некои од најдобрите голови во мојот живот, одговара Португалецот.
Во вториот дел од одговорот, Футре се осврнува на Руд Гулит и неговото освојување на Златната топка во 1987 година.
-Гулит ја освои наградата. Тој сигурно требаше да добие такво признание во кариерата. Но, во тој момент … Тој имаше трофеј во Холандија и само неколку месеци беше во Италија. Имаше гласини дека Берлускони сакал своето големо засилување да го освои трофејот. Ме болеше што португалските новинари никогаш не објаснија како гласале. Не знам што друго требаше да направам таа година за да го освојам трофејот, вели поранешниот напаѓач.
Футре е познат и како фудбалер кој го носеше дресот на трите најголеми екипи во Португалија. Тој ја започна својата кариера во Спортинг, откако решил да престане да се занимава со атлетика, а до крајот на кариерата настапуваше за Марсеј, Реџиања, Милан, Вест Хем, повторно кратко во Атлетико и на крајот во Јокохама.
Поранешниот репрезентативец на Португалија има освоено само два шпански Купа со Атлетико. Со Бенфика исто така го има кренато трофејот во купот, а неговиот најголем трофеј по Порто дојде во Италија. Тој ја освои Серија А со Милан, во сезона каде играше многу малку.