Во текот на денешното претпладне во поголем дел од земјава времето ќе биде со врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.
Утринската температура се движи од нула до 6, а дневната од 2 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе има врнежи од дожд, кои во попладневните часови ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 9 степени Целзиусови.
Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура и со умерен, а во сабота и засилен северен ветер.