Магазин 18. февруари 2020. / 14:03

Се распадна уште еден брак во британското кралско семејство

Се распадна уште еден брак во британското кралско семејство

Разводот на Дејвид Линлеј, грофот од Сноудон, син на принцезата Маргарет од бракот со лордот Сноудон и внук на кралицата Елизабета Втора, од Серена, грофицата од Сноудон после повеќе од 25 години брак ја растажил кралицата, пренесува „Дејли Мејл“.

Линлеј објави дека тој и неговата сопруга се разведуваат, а нивните пријатели како причина за разводот го посочуваат неговото отсуство од домот поради работни обврски. Грофот инсистира дека причината за разводот не е трето лице.

Линлеј е најпознат по својата компанија за производство на скапоцен мебел која го носи неговото име „Linley’s“. Портпаролот на парот потврди дека тие ќе се разведат: „Парот ги замолува сите да ја почитуваат нивната приватност и приватноста на нивното семејство“.

Разводот на грофот и грофицата од Сноудон доаѓа една седмица откако најстариот внук на кралицата, Питер Филипс и неговата сопруга Отом одлучија да живеат одвоено и потоа да се разведат.

Инаку, Дејвид и Маргарет се венчаа во 1993-та година и имаат две деца – Чарлс Армстронг-Џонс и Маргарита Армстронг-Џонс.