На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно Нејмар има вербална и физичка расправија со старлетата Најила Триндаде.
Бразилецот Нејмар дефинитивно има сезона за заборав, а на крај може да заврши и зад решетки. Тој е обвинет од страна на старлетата Најила Триндаде Мендес де Соуза дека ја силувал во хотел во Париз, и веќе е испрашуван од бразилската полиција. Тој потоа во своја одбрана на социјалните мрежи го објави разговорот со Најила и притоа ги прикажа нејзините разголени фотографии. Поради тоа, Нејмар се соочува со петгодишна затворска казна.
The girl that accused Neymar of raping her is a psychopath pic.twitter.com/wdwN1Ov3L6
— mx (@LeooMessi10i) June 6, 2019
Проблемите за Нејмар се зголемија откако, исто така на социјалните мрежи се појави видео од вербалната расправија која потоа прерасна во физичка пресметка помеѓу Нејмар и старлетата.
Најила му удри шлаканица, а тој и зборуваше да не го удира и се обиде да ја одгурне со нозете. Откако се вжешти состојбата, старлетата му се закани на фудбалерот со зборовите „Ќе те удрам. Знаеш зашто? Вчера ме удри и ме остави сама тука“.