Еден бар на западот на Ирска го најави отворањето како прв паб „без корона“ во земјата каде што посетителите ќе бидат тестирани со брз тест пред да влезат.
Според Eileen’s Bar, паб во Аугамор два и пол часа возење од главниот град Даблин, посетителите прво треба да почекаат во одредена област за да бидат „тестирани за вирус од експерт“.
Сопственикот на пабот Донал Барни објави на Фејсбук дека само редовните посетители ќе имаат дозвола да влегуваат и тоа само доколку бидат негативни на тестирањето, но додаде дека ќе можат да пијат и таму каде што чекаат за тестирање и додека чекаат резултат.
Посетителите ги носат трошоците за тестирање од 10 евра, што се изведува од 17 до 19 часот.
– Трошоците за тестирање се повисоки од тоа, но Ајлин е среќна што ја покрива разликата за да се осигура дека нашите вработени и гости се безбедни и здрави, напиша тој на Фејсбук.
Во пабот, посетителите ќе мора да ги следат официјалните здравствени препораки за ресторани и пабови, од седење на маси до одржување на растојание помеѓу посетителите.
Во Ирска е дозволено да работат само барови кои служат храна, што ги налути сопствениците на 3.500 пабови кои не нудат храна.
– Не послужувам храна и храната, како што знаеме, не запира ковид и не спречува ковид, рече Барни.