Среде пандемија од корона вирус неколку концерти на домашни и странски изведувачи ќе се одржат на разни локации низ Охрид. Единствено за сега е откажан настапот на српската фолк ѕвезда Аца Лукас, по бројните реакции во јавноста. Од пазарниот инспекторат во Охрид, не одговараат на телефонските повици за да појаснат кој ќе се грижи за безбедноста на посетителите, додека пак од СВР Охрид, велат дека досега кај нив не бил пријавен ниту еден концерт, објави Алсат.
Просторот на градскиот стадион ќе биде изнајмен и настаните ќе се одржат, само доколку се утврди дека продукцијата ги поседува сите капацитети за да може да го испочитува во целост Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој го донесе Владата, велат од општина Охрид.
Дел од концертите треба да се одржат на Античкиот театар , други на градскиот стадион Биљанини извори. Додека од 12 до 14 август на просторот од некогашната касарна треба да се одржи и музички андерграунд фестивал.
Ќе се користи само тревниот простор, на кој може да се соберат 12000 публика, но нема повеќе од 6000 тие да донесат, односно 50% од капацитетот“, смета Гордана Јованоска-директор на Биљанини извори.
извор: Аласат.мк