Магазин 16. октомври 2019. / 17:00

Само 15 отсто од Македонците прифаќаат секс пред брак

Само 15 отсто од Македонците прифаќаат секс пред брак

За секој шести млад човек се прифатливи предбрачни сексуални односи, а секој осми млад човек во Македонија не би простил прељуба во бракот, додека една четвртина од младите би избрале абортус поради несакана бременост, покажува истражувањето спроведено од „Институтот за политички истражувања – Скопје“.

Од ИПИС откриваат дека ова е прво вакво големо истражување од овој тип во кое се открива дека генералната перцепција кај младите е почитување на одредени морални критериуми кои се дел и од религиските нормативи, но сепак, додаваат од институтот, во одредени случаи свое влијание имаат и современите општествени текови кои понекогаш делумно или целосно се косат со одредени традиции или религиозни начела.

Истражувањето се однесува за перцепцијата на младите во Македонија во поглед на нивните религиски, етички и морални вредности.