Руската федерална агенција за надзор на електронските медиуми и комуникации, Роскомнадзор, денес објави дека ќе воведе ограничувања на мрежата Твитер со забавување на протокот на информации, обвинувајќи ја администрацијата на Твитер дека не отстранува забранета содржина од својата страница дури и по неколку предупредувања.
Роскомнадзор предупреди дека Твитер, кој е широко користен од приврзаниците на руската опозиција Алексеј Навални, ќе биде целосно блокиран, бидејќи само денес беа објавени над 3.000 објави со нелегална содржина.
-Забавувањето на Твитер ќе се примени на 100 проценти од мобилните и 50 насто на немобилните апликации и ако Твитер продолжи да ги игнорира барањата засновани на законот, ќе бидеме принудени целосно да ја блокираме таа социјална мрежа, објави Роскомнадзор, Пренесува Ројтерс.