Магазин 23. јули 2020. / 11:41

Русија ќе започне со масовно производство на првата светска вакцина против коронавирус во август

Русија ќе започне со масовно производство на првата светска вакцина против коронавирус во август

Русија ќе започне со масовно производство на првата светска вакцина против коронавирус во август, што ја разви Институтот Гамалеј, а како што најави директорот на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Димитријев, до крајот на годинава може да се произведат 200 милиони дози.

Тестовите на првата вакцина во светот против вирусот корона на волонтери на универзитетот Сеченов во Русија веќе се успешно завршени, а целта на оваа фаза на тестирање беше да се потврди безбедноста на вакцината за здравјето на луѓето, и тоа е направено.

Според Димитријев, вакцините засновани врз аденовирусот најпрво ќе се појават на пазарот, кга ќе добијат официјално одобрување во септември, а вакцина заснована на новата технологија mRNA ќе се појави најрано на почетокот на следната година, бидејќи неговата безбедност сепак треба да се испита.

Димитријев проценува дека следната година ќе бидат произведени повеќе од три милијарди дози вакцини, засновани на аденовирусни вектори, што ќе му овозможи на светот ефикасно да се бори против вирусот корона.

Виталиј Зверев, академик на Руската академија на науките, доктор по биолошки науки и научен директор на Институтот Мехников за вакцини и серуми, објаснува дека вирусот корона сега циркулира меѓу човечката популација и дека повеќе од 200 земји се соочиле со оваа чума, но тоа е само околу 15 до 20 проценти, додека сите други се заразени со вирусот се носители и повеќе од половина од нив немаат никакви симптоми.

Зверев смета дека успехот во третманот на корона вирусот не треба да биде поврзан со создавање на вакцината и предупредува дека вакцината не треба да се брза за да нема пропусти, истакнувајќи дека во нормални околности на вакцината се работи четири до пет години.

Тој процес, како што вели, може да се забрза со отстранување на бирократските пречки, но тука нема потреба да се брза, затоа што таа бирократија, која постои со години и децении, е оправдана.

Најважната работа, посочува вирологот, е дека вакцината е ефикасна и нема несакани ефекти.

Тој забележува дека прототипот на вакцината може да се направи во лабораторијата за неколку месеци, но дека е невозможно да се тестира за половина година или една година.

Многу лаборатории и институти во светот влегоа во жестока трка да создадат вакцина што ќе го победи ковид-19, затоа што, меѓу другото, станува збор за престиж и профит за секој производител.

Околу 47 вакцини се развиваат само во Русија, а три прототипови на руската вакцина против корона вирус ја покажаа нивната ефикасност.

Освен Русија, вакцината против ковид-19 се тестира во САД, Кина, Јапонија, Сингапур и во неколку европски земји.

141 прототип вакцини се развиени ширум светот и има информации дека се работи на значително повеќе проекти.