Раководството на американската кошаркарска лига (НБА) одлучи да стопира сите преостанати натпревари од сезоната откако кошаркар на Јута џез првично бил позитивен на тест за корона вирус.
Резултатот од тестот е објавен непосредно пред почетокот на натпреварот што утринава Јута требаше да го игра против Оклахома Сити тандер, по што дуелот веднаш беше откажан.
Засегнатиот кошаркар не бил во “Чесапик енерџи” арената во Оклахома Сити.
Од раководството на НБА соопштија дека лигата е стопирана на неодредено време и дека сериозно ќе бидат разгледани следните чекори во однос на пандемијата на вирусот Ковид-19.
По ваквото соопштение на НБА, американските медиуми објавија дека кошаркарот заеазен со корона вирус е Французинот Руди Гобер.