Магазин 18. февруари 2021. / 09:39

Роверот на НАСА денеска ќе слета на Марс во потрага по докази за живот

Роверот на НАСА денеска ќе слета на Марс во потрага по докази за живот

По седум месеци патување, роверот „Perseverance“ денеска ќе слета на Марс, што ќе биде почеток на повеќегодишна потрага по докази за микробиолошки живот на Црвената планета.

Во мисијата „Mars 2020“ е вклучено најголемото возило некогаш испратено на Марс. Роверот е создаден во лабораторијата на НАСА, тежи еден тон и има роботска рака долга 2 метри. Опремено е со 19 камери и два микрофони за снимање.

Ако пристигне недопрен, Perseverance ќе биде петтиот ровер кој успешно го завршил патувањето од Земјата до Марс.

Минатата недела кинеското летало Tanwen-1 пристигна во орбитата на Марс, а треба да се спушти на површината во мај.

Perseverance вечерва околу 21:55 часот по средноевропско време би можел да слета на предвидената локација на Марс, за која научникот Кен Ферли од НАСА смета дека е спектакуларна.

Станува збор за кратерот Језеро наречен по село во Босна и Херцеговина, базен широк 45 километри и се наоѓа на северната полутопка на Марс. Првите фотографии од површината на планетата брзо ќе бидат достапни, со ниска резолуција. Видеоснимките, вклучително и влегувањето во атмосферата, се очекуваат подоцна.

Слетувањето на роверот проследете го во живо на следното видео: