Магазин 08. април 2020. / 10:18

Роналдињо излезе од затвор со гаранција од 1,6 милиони долари

Роналдињо излезе од затвор со гаранција од 1,6 милиони долари

Поранешната ѕвезда на бразилската и светска фудбалска сцена Роналдињо, излезе од затвор. За него и за неговиот брат Роберто Асис, тој плати гаранција од 1,6 милиони долари.

Роналдињо помина 32 дена зад решетки во главниот град на Парагвај, Аунсион. Откако ја плати гаранцијата, тој и брат му ќе го чекаат натамошниот развој на настаните од хотел во градот.

Бившиот фудбалер на Барселона, Милан и ПСЖ беше уапсен, откако се обиде во Парагвај да влезе со фалсификувани документи. Според неговиот адвокат, Роналдињо не знаел дека користи такви. За ваквиот престап Бразилецот може да биде осуден на петгодишна казна затвор.