Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од минус еден до четири степени, а дневните температури ќе се движат од 15 до 23 степени
Во недела ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување и врнежи од снег на планините и на повисоките места, каде ќе се формира снежна покривка. Во понеделник и вторник врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места.