Фали Рамадани, еден од советниците на поранешниот премиер Зоран Заев, за кој денеска дел од медиумите пренесоа дека е уапсен во Шпанија, за 24 Инфо ексклузивно изјави дека не е уапсен, ниту тој ниту неговата сопруга, и оти во моментов е на натпреварот од Лигата на Шампиони меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
– Никој не е уапсен, еве сме на натпреварот Реал-Сити. Утре треба да се појавиме на суд каде треба да се надминат недорзбирањта. Се е лагално, не сме го прекршиле законот и се надевам дека шпанските власти истото ќе го потврдат, изјави Рамадани.