Магазин 09. август 2019. / 22:55

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години го победи Бахреин

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години го победи Бахреин

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години ја забележааа втората победа на Светското првенство и забележа пласман во осминафинале откако вечерва во драматична завршница ја доби пресметката со Бахреин со 27-25.

Македонските ракометни надежи се радуваат на нова победа на СП, вечерва ги совладаа своите врсници од Бахреин. До новиот триумф, избраниците на Данило Брестовац стигнаа преку драматична завршница.

„Црвено-жолтите“ слично како и на претходниот меч, постојано беа во водство но никако не успеваа да го скршат противникот. На пауза заминавме со предност од 12-9, а позитива одржувавме се до пет минути пред крајот кога Бахреин изедначи на 23-23.

Па настана бркотница на теренот, Македонија сепак ја задржа смиреноста и на десетина секунди до последниот звук на сирената погоди за 27-25 и ја осигура победата која значи пласман во осминафинале

Мартин Серафимов со 10 погодоци беше најдобар поединец на теренот, а солидна партија пружи и Ненад Костески со 7 погодоци. Утре е слободен ден за нашата репрезентација, а во недела се среќаваме со фаворитот Данска.