Магазин 09. март 2020. / 14:24

Прва слика на Роналдињо како затвореник во Парагвај

Прва слика на Роналдињо како затвореник во Парагвај

Првата слика од Роналдињо како затвореник е објавена денеска откако судот во Парагвај ја одби кауцијата на поранешниот играч на Барселона, бидејќи постои ризик од бегство.

Во четвртокот, бразилската легенда беше уапсена во Парагвај за наводен обид да влезе во земјата користејќи лажен пасош, заедно со неговиот брат, со документи според кои двајцата се од земја во која се обидувале да влезат.

Судијата донесе одлука да го задржи Роналдињо во затвор во саботата под уверување дека ќе избега од земјата ако му се дозволи да си оди. Сепак, 39-годишниот играч останал во полициска ќелија, а не бил пренесен во затвор заради неговиот профил како фудбалер.

 

Сега првата слика на затвореникот Роналдињо ја објави новинарот на „Униканал“, Хернан Родригез, кој ја твитна фотогорафијата.