Магазин 06. јануари 2021. / 07:54

Променливо облачно со врнежи од дожд, на планините од снег

Променливо облачно со врнежи од дожд, на планините од снег

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, а во западните со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат во западните подрачја. Врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголеми снежната покривка, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.