Магазин 09. август 2020. / 08:49

Променливо облачно со врнежи од дожд, грмежи и ветер

Променливо облачно со врнежи од дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 7.

Утринската темепература ќе се движи од 13 до 21 степен, а максималната дневна температура ќе достигне до  32 степени.

Од утре ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.