Магазин 06. декември 2020. / 09:30

Променливо облачно со умерен повремено засилен ветер

Променливо облачно со умерен повремено засилен ветер

Времето ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (над 35 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.