Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот.
Утринската температура се движи од 7 до 13, а дневната ќе биде од 17 до 24 степени Целзиусови.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 21 степен Целзиусов.