Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 15 степени, а дневната од 26 до 30 степени.
Во понеделник попладне и во вторник ќе биде облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за поинтензивни процеси во форма на невреме.