Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе биде 6.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, максималната дневна температура ќе достигне 30 степени.
Утре претпладне времето ќе биде сончево, а попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, но во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.