Магазин 14. март 2020. / 08:24

Променливо облачно со повремено засилен ветер

Променливо облачно со повремено засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

Утринските температури ќе се движат од два до девет степени. Дневните температури ќе се движат од 11 до 21 степен.

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса врнежите ќе бидат пообилни (над 20л/м2) и на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне (за повеќе од 10 степени).