Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта.
Утринските температури ќе се движат од нула до седум степени, а дневните од четири до 16.
Под влијание на влажен и студен воздушен бран во среда ќе има врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2), а на планините снег. Поради заладувањето и спуштање на температурите од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка. Во четврток и петок ќе настапи стабилизирање на времето, но минималните температури во поголемиот дел од земјава ќе бидат под нулата.