Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат.
Ќе дува засилен, повремено силен ветер од североисточен правец.
Минималната утринска температура во земјата се движи од еден до осум, а максималната дневна ќе биде во интервал од четири до 14 степени Целзиусови.
Во Скопје и во околината ќе биде променливо облачно со повремени врнежи. Температурите ќе се движат од шест до 12 степени Целзиусови.
Од понеделник ќе настапи период на денови со ниски утрински температур, кои ќе бидат и под нулата, но со значително зголемени дневни температури. Во понеделник ќе биде до 17, вторник 20, а среда до 21 степен Целзиусов.