Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престануваат.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура се движи од минус два до седум, а дневната ќе биде од четири до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура достигна до пет степени, а дневната температура ќе искачи до девет степени Целзиусови.