Времето денеска во претпладневните часови ќе биде со сончеви периоди, а попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Утринската температура се движи од осум до 18 степени, а дневната температура ќе биоде од 18 до 30 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура достигна до 14 степени, а дневната температура ќе се искачи до 28 степени Целзиусови.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и топло време, но попладне се уште со услови за изолирана појава на дожд и грмежи.