Еден од во јавноста најекспонираните членови на кралското семејство, 36-годишниот принц Вилијам, се соочува со сериозни здравствени проблеми, пишува американскиот таблоид „Нешенел еквајер“.
Овој медиум, објавува дека Вилијам го губи видот, поточно му се заканува – слепило.
Според таблоидот, губењето на видот многу го загрижува принцот, па токму затоа тој побарал помош од најдобрите лекари во земјата.
Принцот Вилијам има уште пет години пред целосно да го изгуби видот. Тој јавно објави дека видот сè повеќе му се влошува. Но, внатре во ѕидовите на кралската палата, тој е смртно исплашен дека целосно ќе го изгуби видот – тврди инсајдер од кралскиот двор, со што загрижил многумина.
Изворот додава наглото влошување на здравствената состојба на омилениот британски принц лошо влијае на неговиот приватен живот.
Не е тајна дека Вилијам и неговата сопруга Кејт се многу лути и огорчени затоа што Меган и Хари се откажаа од кралските должности. Иако Кејт, како и секогаш, во јавноста се прави дека е храбра, се плашам дека нивниот приватен живот се распаѓа. Борбата на Вилијам против слепилото секако ги уништува и им ги крши срцата – заклучува изворот.