Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец.
Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а максималната дневна температура ќе достигне 37 степени.
Од среда следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.