Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ индексот ќе биде 8.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 23 степени, максималната дневна температура ќе достигне до 37 степени.
Утре нестабилно ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата со појава на пороен дожд и грмежи.
Од понеделник времето ќе биде претежно сончево со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела.