Денеска претпладне сончево со умерена облачност, попладне пак, во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.
Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови (локално над 30 л/м2). Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од четири до 11 степени, а дневната од 14 до 25 степени.
Врнежите ќе продолжат и во петок кога локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.